За секој ден: Ужина која ќе ве засити, а не дебелее

 

Овие грицки содржат високо ниво на здрави влакна и антиоксиданси, но само ако тие се подготвени без масло, на пример доколку ги подготвувате во микробранова печка без вкусни ароми и зачини..

Пуканките се подобри за здравјето на луѓето од овошјето и зеленчукот, покажа истражувањето на група американски научници, кои го споредуваа износот на полифенол во пуканките и овошјето.

Истражувачите од Универзитетот Скрентон – Пенсилванија откриле дека мембраната на пуканките содржи голема количина на растителни влакна и антиоксиданс полифенол, соединенија кои се верува дека дејствуваат против ракот, пренесоа француските медиуми. Сето ова е можно благодарение на малата количина на вода во пуканките во споредба со овошјето и зеленчукот. Во овошјето и зеленчукот полифенолите се растворени во 90 проценти вода, а кај пуканките содржат околу четири проценти вода.

Сепак, пуканките се здрави само ако се подготвени без масло во микробрановата печка без вкусни додатоци.

 

 

 

28.09.2017 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега