Добра вест за корисниците на Твитер

 

Твитер ќе го промени ограничувањето на бројот на карактери во твитовите, па во иднина пораките, наместо досегашните 140 карактери ќе можат да содржат 280 карактери.

Оваа „револуционерна“ промена на почетокот ќе можат да ја користат само поединечни корисници.

 

Во малата група на луѓе кои ќе добијат прилика да ја тестираат оваа новост ќе се најдат корисниците кои „твитаат“ на англиски, шпански и португалски јазик.

Сепак, оваа опција се очекува во даден момент да стане достапна за сите корисници ширум светот.  И покрај временското ограничување, во текот на овој тест период, сите корисници ќе имаат прилика да ги видат и да ги прочитаат подолгите твитови.

Коосновачот на Твитер и извршниот директор на компанијата Џек Дорси од порано најави дека ограничувањето на бројот на карактери ќе биде променето.

Од оваа компанија се надеваат дека оваа вест со големо воодушевување ќе биде прифатена од страна на корисниците.

 

 

 

27.09.2017 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега