Инстаграм воведе нови опции
Инстаграм воведе нова опција која ќе ги направи Instagram Story поинтересни. Во прашање се филтри за време на преносот во живо, односно во популарната „live“ опција.
Филтрите ќе бидат слични на оние кои ги применуваме на нашите фотографии и ќе може да се менуваат за време на емитувањето. Филтрите се користат така што првин морате да ја ажурирате вашата Инстаграм апликација на верзијата 10.21, а потоа со притискање на „home“ копчето во долниот лев агол за да го видите вашиот feed. Притиснете на камерата во горниот лев агол за да отворите „Story“, Во долниот десен агол има икони за нови филтри, притиснете и ќе откриете нови осум филтри, како различни курни, уши од коала, очила…
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа