Секогаш да биде свеж и вкусен како првиот ден: Како да го искористите бајатиот леб

 

Кога станува збор за чување на леб, фрижидерот е вашиот најголем непријател и прави лебот да стане бајат многу поскоро отколку кога се чува на собна температура. Лебот најдобро е да се чува на собна температура ден или два, а ако ви остане повеќе леб може да го завиткате убаво и да го замрзнете за понатамошна употреба. Кога ќе го одмрзнете и затоплите, ќе мириса исто како свежо печен леб.

Користете најлонска или алуминиумска фолија за да ви остане лебот свеж повеќе денови Завиткајте го лебот во најлонска или алуминиумска фолија и ќе биде свеж повеќе дена. Дури и кога сте го купиле во хартиена ќеса, примете ја оваа постапка, бидејќи вака завитканиот леб ќе ја зачува својата природна влажност и ќе биде заштитен од сушење и цврстина. Ако лебот е купен во пакувана најлонска амбалажа, најдобро е да продолжите да го чувате во истата.

Лебот чувајте го на собна температура најмногу 2 дена Лебот најдобро е да се чува на суво и темно место, без дофат на сончева светлина, а температурата да биде околу 20 степени. Посебно треба да внимавате на влажноста на воздухот, бидејќи колку влажноста на воздухот во домот е поголема, толку побрзо лебот може да се расипи и да биде одлична основа за развој на мувли. Во таков случај, најдобро да го прескокнете чувањето на собна температура и веднаш да го замрзнете лебот додека е свеж.

Замрзнете го лебот додека е свеж Ако ви се случило да имате дома повеќе леб отколку што може да консумирате во неколку дена, најдобар начин да ја зачувате неговата свежина е да го замрзнете. Под дејство на ниската температура, замрзнувањето на свежиот леб овозможува да се спречи рекристализирање на скробот, односно се спречува лебот да стане бајат. Тука треба да се спомне уште еден дополнителен совет кој се однесува на сечењето на парчиња на лебот, при што треба да знаете дека за парчињата да ви останат убави, најдобро е да го исечете пред да го замрзнете.

Не го ставајте лебот во фрижидер Научните истражувања покажале дека во фрижидерот влажноста на лебот се губи многу лесно и тој ќе стане бајат дури за 3 пати побрзо отколку обично. Овој процес е познат како „ретроградација“, што во едноставни зборови кажано, значи дека молекулите на скробот во лебот ќе кристализираат и тој ќе стане тврд.

Одмрзнување на замрзнатиот леб Замрзнатиот леб е најдобро да го оставите на собна температура и да почекате да се одмрзни, така што прво ќе ја отстраните заштитната фолија, а потоа ќе го оставите да се одмрзнува. Доколку сакате да биде покрцкав, ставете го во рерна или на тостер, но не повеќе од 5 минути. При тоа, треба да бидете свесни дека лебот е намирница која само еднаш може да се затопли, а потоа веќе ќе стане повторно бајат леб. Исто така, треба да знаете дека микробрановата печка не е добра идеја, бидејќи може да го направи влажен, мек и невкусен.

 

 

 

21.09.2017 - 09:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега