Новите истражувања велат: Ако пиете вакво кафе можно е да сте психопат
Новото австриско истражување открива дека љубителите на горчливи јадења и пијалаци покажуваат поголема тенденција од другите кон садизам и асоцијално однесување. Проучувајќи ја врската помеѓу личностите и склоностите кон специфичните вкусови, научниците од Универзитетот во Инзбрук утврдиле дека лицата кои сакаат горчливо се повеќе склони кон садизмот, макаевизмот, нарцизмот и асоцијалното однесување.
Тие луѓе се, исто така, често самољубливи и изразито себични.
Во текот на истражувањето, волонтерите биле изложени на разни категории на вкусови (слатко, солено, кисело горчливо), а потоа морале да ги рангираат според преференциите и да одговорат на прашањата што се однесуваат на нивните личности.
Резулатите од студијата покажале дека лицата кои уживаат во горчливите јадења и пијалаци покажуваат симптоми на психопатија.
Како и кај билките, чие ниво на горчливост е показател на нивото на токсичност, склоноста кон горчливите вкусови кај луѓето укажува на нивната потреба да се изложат на опасности, да бараат силни возбудувања.
Колку што личноста била пољубезна и поспремна на соработка, помалку кај неа била изразена потребата за горчливи вкусови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа