Нема договор за 24 декември - Давитковски веќе не е оптимист

 

Ниту четвртиот ден по рестартирањето на работата на Комисијата за 24 декември не донесе резултати. Измина последниот рок кој во понеделникот, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Груевски и Заев си го дадоа за комплетирање на извештајот на експертското тело кое требаше да ги расветли настаните околу 24 декември. Двете најголеми политчки партии по целодневен состанок не успејаа да најдат заеднички јазик. Претседателот на Комисијата Борче Давитковски за прв пат од почетокто на неделава рече дека повеќе не е оптимист дека може да се најде решение, иако остави простор тоа да се случи во наредните денови, бидејќи, како што рече, продолжуваат средбите со Комисијата во проширен состав, односно со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Димовски, Дулиќ, Фрчковски и Десковска, заедно со заминчката на Заев, Шеќеринска и со шефот на кабинетот на Груевски, Протоѓер. Неофицијално, камен на сопнување останало отстранувањето на новинарите од собраниската сала, додека останатите прашања се испеглале. 

24.08.2013 - 01:08

најчитано сега