Тодоров: Новите катни гаражи ќе го реши проблемот со паркирање на Клинички

 

Со изградбата на двете катни гаражи во комплексот клиники „Мајка тереза“ ќе се реши повеќедеценискиот проблем со паркирањето. Вкупната инвестиција изнесува 21 милион и 300 илади евра, а инвеститорот може да обезбеди поврат на инвестицијата за период 12,5 години. Целта е да се направи добар баланс помеѓу интересите на приватниот и јавниот партнер, изјави министерот за здравство Никола Тодоров на презентацијата за Физибилити студијата за јавно приватно партнерство за изградба две катни гаражи во комплекс клиники „Мајка Тереза “ Скопје пред бизнис заедницата.

Како што информираше министерот, со оваа инвестиција се предвидува изградба на вкупно 2.500 паркинг места, односно по 1250 паркинг места по катна гаража. Првата катна гаража ќе биде близу Фармацевтскиот факултет и со нејзина изградба може да се започне веднаш, а втората ќе никне на местото на Институтот за туберкулоза и таа ќе може да почне да се гради по рушење на овој објект. На втората катна гаража предвидена е изградба на хелиодром, информираше министерот.

Со урабанистичкото решение, информираше Тодоров, предвидена е и изградба на една сервисна улица во рамките на клинички центар, која ќе го растерети сообраќајот на улицата Водњанска.

Цената на билетот за паркирање за посетителите ќе остане иста - 50 денари за еден час, додека, како што информира министерот, ќе побара повластена цена за сите вработени на Клинички, чии број изнесува од 3.300 до 3.400 лица.

Според Љубомир Димовски од консултанската компанија ЕПИ Центар Интернационал кој ја изработи физибилити студијата за проектот, главна цел на овој проект е да се обезбеди долгорочно решение на проблемот со паркирањето и да се најде решение кое ќе биде поеднакво прифатливо и за приватниот и за јавниот партнер.

Анализата на физибилити студијата покажала дека најдобар модел за реализација на договорот за ЈПП е проектирање, финансирање, изградба, стопанисување и трансфер.

–Ова подразбира дека за време на концескиот период од 45 години, фирмата која ќе биде избрана за партнер нема да престане да ги дава услугите. Државата мора да се обезбеди дека приватниот партнер ќе се придржува до договорот, истакна Димовски.

Во физибилити студијата стојат и ризиците кои постојат. Првиот се однесува на обезбедување на потребните средства, за што понудувачот треба да обезбеди банкарска гаранција од 300 илјади евра, која ќе гарантира дека тој нема да се откаже. Вториот ризик, пак, се однесува на тоа дека објектите нема да бидат изградени квалитетно, па затоа избраната фирма треба да обезбеди банкарска гаранција од 500 илијади евра, која ќе гарантира дека двата објекта ќе бидат изградени според договореното.

Анализата покажала дека во 2012 година на паркинзите на клинички просечно дневно влегувало 2.041 возило.    

23.08.2013 - 14:22

најчитано сега