Младо момче на Ургентен тројца насилници приведени - крвава тепачка го потресе Охрид
Едно лице е потешко повредено во тепачка која се случила синоќа во Охридската чаршија, во непосредна близина на Градскиот плоштад. На инцидентот му претходела вербална расправија помеѓу неколку лица, по што таа прераснала во тепачка во која охриѓанецот Ф.Р.(35) и тетовчаните Џ.Х.(25) и А.Х.(22), физички го нападнале Р.А. (24) од Струга.
Тепачката се случила нешто пред 22 часот пред кафе-барот „Славица“, при што трите лица му задале повеќе удари со раце и нозе на стружанецот Р.А., нанесувајќи му тешки телесни повреди. Повредениот со неколку преломи на вилицата, поради сериозноста на состојбата, е префрлен во Ургентниот центар во Скопје.
Полицијата ведаш по инцидентот ги приведе напаѓачите и против нив е покрената кривична пријава за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“. Тие денеска ќе бидат изведени пред истражен судија на Основниот суд во Охрид.