Гугл избриша над 300 апликации, внимавајте што преземате од Плеј Стор
Гугл во соработка со компаниите кои работат на безбедноста на интернето пронајде стотици малициозни апликации на Плеј Стор.
По пронаоѓањето на големиот број вирусни апликации, Гугл ги блокираше поради што не можат веќе да се преземаат. Сепак, оние кои ги инсталирале некои од нив би требало што побрзо да ги избришат.
Апликациите на прв поглед делувале потполно легални и влегувале во разни категории, а биле над 300. Истражувачите велат дека инфицирани се преку 70 илјади уреди.
Апликациите на многумина им краделе податоци од телефонот, но и вршат напад дури и кога не се во употреба или телефонот е заклучен.
Тие објаснуваат дека сите заразени апликации не се однесуваат исто, па апелираат да не се преземаат сомнителни апликации кои на корисниците им спамуваат реклами.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа