Ова се мобилни кои највеќе зрачат- проверете дали и вашиот модел се наоѓа на листата (ВИДЕО)
Според новото истражување од Вајцман Институтот за наука во Израел, некои мобилни телефони не изложуваат на многу штетни нивоа од електромагнетно зрачење.
Објавена во списанието Biochemical Journal, студијата покажува дека некои одредени мобилни телефони за само 15 минути можат да предизвикаат промени во мозочните клетки, кои се поврзуваат со засилено размножување на клетките од ракот.
Д-р Џон Бухер, помошник директор на Националниот институт за здравство, од Националната програма за токсикологија, изјави:
"Започнувајќи од сега, па со изложување на следните 10-12 години со зголемена употреба на мобилните телефони, постои загриженост од драстично зголемувањето на рак на мозокот."
Тој, исто така, наведува дека детскиот череп овозможува подлабоко продирање на зрачењето, а тоа би можело да претставува уште поголем ризик.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа