Чадиев прими делегација од збратимениот романски град Слобозија
Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев денеска прими делегација на збратимениот град Слобозија од Романија.
По средбата тој нагласи дека Општините Слобозија и Велес изминатите неколку години имаат интензивна и плодна соработка, а преку оваа посета со заменик-градоначалникот, Валентин Макано е утврдена и идната соработка.
- За нас ова е важна посета, чест ни е што сме во Велес не само поради учеството на манифестацијата поради празникот Велигден, туку и поради тоа што се сретнавме со новиот градоначалник и ги зацврстивме односите помеѓу нашите две општини, истакна заменик-градоначалникот на општина Слобозија, Макано.
Инаку, претставници на романскиот град денеска со свои штандови со украсни Велигденски јајца беа меѓу учесниците на годинешната меѓународната културна манифестаија „Велигденско јајце“.
ФОТО: Сител