Откриена Фејсбук измама на деценијата - доколку добиете ваква порака, игнорирајте ја
Нова сјајна можност да станете кул во својот социјален круг е да ја пренесете пораката на хакерот под наслов „Џејдан К Смит“, кој испраќа барања за пријателство.
Пораката гласи:„ Ве молам да ги прдупредите своите контакти на Месинџер да не прифаќаат барање од Џејдан К Смит. Тој е хакер и поседува систем прикачен за ваш налог. Ако било кој од вашите пријатели прифати барање и вие ќе бидете хакнати. Затоа е важно сите ваши пријатели да знаат. Ви благодарам. Проследено.“
Ваква порака со години циркулира на интернет со поинаков наслов. Дописите за Џејдан К Смит предупредувањата пристигнуваат од сите краеви на светот.
-„Не постои Џејдан К Смит и проследувањето на пораката нема да помогне никому.“ - велат од сајтот Хоалс Слејер.
Корисниците не треба да се грижат. За некој да ви го хакне профилот потребно е да ја знае вашата лозинка или да стави заразен фајл во вашиот компјутер. Што се однесува до Џејдан К Смит, не грижете се, станува збор само уште една спам порака во низата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа