Внимание - поради овие работи луѓето ве блокираат на Фејсбук

 

Постојат објави на друштвените мрежи кои само благо иритираат, како и оние за нечија веридба, која се претворила во извештај од минута во минута, или пак оние кои објавуваат се за нивното одење во тетретана.

Ваквите објави најчесто наидуваат на превртување со очи.

Ова се најлошите објави на друштвените мрежи поради кои луѓето ве бришат:

1. Фотографии од посекотини, красти и модринки - никој, повторуваме никој, не сака да го види вашето крваво колено.

2. Честитање роденден на некој кој воопшто нема Фејсбук - веднаш станува јасно дека сте сакале да објавите уште една фотографија од себе, а и тоа дека не знаете како функционираат друштвените мрежи.

3. Навредливи, предолги политички постови - иако е совршено нормално да сакате да се вклучите во дебата, Фејсбук е едноставно погрешна платформа за такво нешто.

4. Породување од минута во минута - таквите фотографии се премногу интимни и можеби не е добро да се споделуваат со целиот свет.

 

 

 

13.07.2017 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега