Постојат четири вида луѓе на Фејсбук - во која група спаѓате вие
Научниците на Универзитетот Бригам Јанг со помош на прашалник од 48 различни тврдења откриле дека испитаниците можат да се поделат на 4 различни групи:
- создавачи на врски
- портпароли
- селфи
- и оние кои „висат пред излог“
Создавачите на врски одговараат на постови на други луѓе и користат Фејсбук за да ги зацврстат постоечките врски. Користат Фејсбук како продолжение на реалниот живот со семејството и пријателите.
Портпарол лицата не ги делат личните работи за себе, но сакаат да известуваат за настани кои се случуваат. Споделуваат информации и вести, а својот профил главно го занемаруваат.
Слефи лицата го користат Фејсбук за своја промоција. Споделуваат фотографии, снимки и новости, но само со цел да привлечат внимание и лајкови.
Оние кои „висат пред излог“ чувствуваат обврска да бидат на Фејсбук, но ретко делат лични информации. Тие сакаат да видат што прават другите и се однесуваат исто како оние кои само доаѓаат да видат што има на излог од некој бутик.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа