Македонски вина наградени на „Винобалканика” во Бугарија

 

Пет македонски вина освоија медали на конкурсoт „Винобалканика” што се одржа во Велико Трново, Бугарија, во рамки на меѓународниот туристички саем „Културен туризам”.

Енолозите од наградените винарии информираат дека златни медали добиле вината темјаника на „Тиквеш“ и „Сковин” произведени во 2012 година, сребро „ркацители” од 2012 на „Тиквеш“ и црвеното вино „Барово” 2011, како и „темјаника” 2012 на “Попова кула”.

- Конкурсот беше организиран од Сојузот на бугарските енолози. Учествуваа вина произведени од сорти од источната еколошко географска група и Црноморско еколошката географска група како и локални селектирани сорти во границите на Балканскиот полуостров и Црноморието. Се претставија винарии од Романија, Турција, Грција, Македонија и Бугарија. Со најразлични сорти на вина. Во комисијата која ги оценуваше вината беа енолози од Бугарија, Македонија, Грција и Грузија, по еден сомелиер и вински новинар, изјави Екатерина Гаргова, енолог во „Попова кула“ и член на Управен одбор на Сојузот на енолози во Бугарија.

„Тиквеш“ доби и специјална награда за винарија со најуспешно претставување бидејќи од три вина добија три медали. 

најчитано сега