Ѓорѓи Доцев именуван за претседател на Советот на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донел одлука за претседател на Советот на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ да го именува Ѓорѓи Доцев- Ордев
Ѓорѓи Доцев е долгогодишен член на оваа партија и е активен уште од самото нејзино основање. Тој меѓудругото е една од жртвите на минатиот систем, прогонуван и осудуван.
Неодамна професорката Виолета Ацковска ја промовираше книгата „Демнечки дух“, во која беше објавено тајното полициско досие на Ѓорѓи Доцев составено во точно 1 508 факсимили, достави од информации, фотографии и судски акти, водени за Дачев, а во кој се споменуваат уште голем број на македонски интелектуалци.
Инаку Советот на ветерани е тело во кое членуваат нејзините основачи, поддржувачите кои што се од нејзиното формирање.
20.08.2013 - 10:28