Фејсбук месечно го користат по две милијарди луѓе - еве колкав профит носи тоа
Социјалната мрежа Фејсбук вчера објави дека ја достигна бројката од две милијарди активни корисници месечно.
- Денеска одбележуваме нова пресвртница - сега имаме две милијарди луѓе кои секој месец го користат Фејсбук, стои во соопштението на компанијата, која својата прва милијарда корисници во еден месец ја „прослави" во октомври 2012 година.
- Напредуваме во поврзувањето на светот и го правиме поблизок, истакна основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг.
Фејсбук, кој е формиран во 2004 година, во првото тримесечје од 2017, забележа профит од три милијарди долари.
28.06.2017 - 09:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа