Денеска средба Груевски - Заев
Премиерот Никола Груевски ќе се сретне со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, јавува Плусинфо. Според информациите на порталот средбата ќе се одржи во 14 часот, но нема информации за локацијата. Неофицијално, Плусинфо јавува дека тема на разговор ќе биде деблокадата на Комисијата за 24 декември.
Ваквиот развој на настаните доаѓа откако вчера Премиеот Груевски уште еднаш ја повика СДСМ да ги реши внатрешните проблеми и да ја деблокира работата на Комисијата, бидејќи во спротивно, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ ќе примени нова тактика.
Официјална потврда од кабинетот на Груевски за оваа средба се уште нема.
19.08.2013 - 11:07