Пристигна помош за семејството Василеви кое остана без дом

 

-Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов заедно со градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски, претседателот на Совет на општината Ранко Давитков, директорот на Центарот за социјални работи и претставници на Црвениот крст  го посети семејството Василеви. Ова семејство кое живее на работ на социјална егзистенција  пред неколку дена настрада од пожар при што останале без поќукнина и облека, информираат од Министерството.

Спасов истакна дека на семејството ќе му се додели  еднократна парична помош, како и донација на мебел и покуќнина од проектот.

Се грижиме за топол дом., а Центарот за социјални работи ќе помогне во процедурата за прибирање на потребна документација  за добивање на социјална парична помош.

Црвениот крст кој континуирано му помага на семејството, денеска изврши донација на хигиенски производи, и прехранбрени артикли

Општината Пробиштип со одлука на Советот ќе издвои средства за покривање на заостанатите долгови за електрична енергија и вода.

18.08.2013 - 15:36

најчитано сега