Еве кои ќе бидат неработни денови во мај
Министерството за труд и социјална политика објави денеска дека и 6 мај-првиот ден по Велигден ќе биде неработен за сите граѓани на Македонија.
Исто така, 3 мај, Велики петок е неработен за сите граѓаните од православна вероисповед.
Неработен ден е и 1 мај, среда Денот на трудот
На работа нема да се оди ниту на 24 мај Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.
Неработен ден е и 23 мај но само за припадниците на влашката заедница