Заев го избра Васко Ковачевски за претседател на битолските социјалдемократи
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, врз основа на поднесената програма и над 30 дискутанти, донесе одлука Васко Ковачевски и натаму да остане на чело на општинската организација на СДСМ во Битола.
Во трка за претседателската фотелја на Ковачевски беа четворица кандидати.
Ковачевски е прв претседател назначен од лидерот Заев, по промената на партискиот статус.