Во јули пониски цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

 

 Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јули се пониски за 0,2 проценти на месечно ниво, а се повисоки за 2,9 проценти на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во јули во однос на јуни годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите „трајни производи за широка потрошувачка“ за 0,8 проценти, во групата „енергија“ за 0,7 проценти, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 0,6 проценти и во групата „капитални производи“ за 0,5 проценти.

Во јули годинава, во споредба со јули лани продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата „енергија“ за 7,7 проценти и во групата „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 2,5 проценти.

најчитано сега