Груевски: Ќе понудиме документ за излез од кризата и зачувување на унитарноста на државата

Ние понудивме две решенија, прво брзи парламентарни избори заедно со локалните избори и нема да се потрошат и други пари, на една од анкетите кои што ги направивме над 70.000 граѓани ценат дека треба да се оди на други предвремени избори, а само 12 проценти се искажале дека не сакаат нови избори. Ова вчера во гостувањето во дневникот на Канал 5, го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

-Втората понуда е доколку Заев го донесат албанските позиции на функција, ние му нудиме 51 пратеник да гласаат за да тој биде премиер, сите министри да бидат од СДСМ и да има малцинска влада. Малцинска влада е поддржување на владата од сите малцинства, иако таа малцинска влада нема да донесе ништо добро за нашата земја сепак ќе се спречи бинационалноста, откажување на Тиранската платформа, а ние се уште сме отворени за тоа да му ја дадеме целосната власт на Зоран Заев, само нека ја остави нашата земја Македонија, изјави Груевски.

-Ние подготвуваме и документ за зачувување на Македонија, тоа е политички документ кој ќе понуди начин за излегување од  кризата, преку негово прифаќање ќе се излезе од кризата, но нема да се наруши унитарноста на државата. Овој документ во текот на следната недела ќе биде понуден на сите поголеми партии и очекуваме да го освоиме сите политички партии, истакна Груевски.

 

 

 

20.03.2017 - 08:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега