Во штипската Клиничка болница врвни очни лекари ќе оперираат 80 пациенти

 

На очното одделение во Клиничката болница-Штип во наредните три дена ќе бидат оперирани околу 80 пациенти од врвни лекари од САД и Бугарија. Началникот на Одделението за очни болести при Клиничка болница-Штип, Страхил Газепов вели дека во текот на денешниот ден заедно со познатиот лекар Северин Полиговиц од САД  ќе оперираат 20 пациенти.

- Инаку инструментите со кои ние оперираме се дизајнирани од овој познатиот лекар. Денес, утре и задутре практично имаме преку 80 пациенти кои ќе ги оперираме. Денес имаме 20 пациенти во програмот кој и веќе тече, вели Газепов.

Тој истакна дека во текот на утрешниот ден операциите ќе се одвиваат во две операциони сали, а во кои заеднички ќе работат лекарите од САД и Бугарија. Според Газепов во текот на утрешниот ден ќе се реализираат 40 операции, со што ќе се постави и нов балкански рекорд во извршување на операциони зафати.

Операциите во текот на утрешниот ден во живо ќе можат да ги следат сите лекари и студенти на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип на Медицинскиот факултет.

ФОТО: А1.он

16:31

најчитано сега