МВР бара помош за пронаоѓање на Французинката која исчезна во Кичево

 

Македонското МВР денеска на својата веб-страна објави дека французинката Валери Бара Незироски (39) е исчезната и бара од граѓаните да пријават во полиција доколку имаат некаква информација. 

Французинката која исчезна на 25. јули ви Кичево е висока 168 сантиметри и тешка 55 килограми. Освен францускиот, Незироски разбира и албански јазик.

Ако имате информации пријавете на 192 или во најблиската полициска станица.

најчитано сега