СДСМ: Немаме намера да бидеме дел од лагите на Јакимовски - тоа им го препуштаме на новите сојузници ВМРО-ДПМНЕ
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во ниту еден момент не бил дел од валканите пред и пост изборни договори на Стефчо Јакимовски.
Денешното обелоденување на неговата коалиција со ВМРО – ДПМНЕ само е потврдување на општо познатиот факт кој сите граѓани имаа можност да го видат во вториот изборен круг на локалните избори 2013 година, каде што на контото на Стефчо Јакимовски завршија гласовите на ВМРО – ДПМНЕ.
СДСМ нема намера повеќе да биде дел од лагите на господинот Јакимовски и тоа им го препушта на неговите нови сојузници, ВМРО – ДПМНЕ.
Советничката листа на СДСМ во советот на општина Карпош ќе делува како конструктивна опозиција која ќе ги поддржи сите предлози кои се за доброто на граѓаните, а жестоко ќе се спротивстави на сите погрешни потези на новата коалициона власт помеѓу Српската напредна странка и ВМРО – ДПМНЕ.
Интегрален текст од реакција на СДСМ.