Златниот орел повторно го надлета Мариово
Златниот орел кој три месеци беше лекуван во скопската зоолошка, повторно го надлета мариовскиот крај, јави Вест.
На канџите орелот имал протези, за да му се вратат во првобитната состојба, секој ден примал витамини за зајакнување на имунитетот и поминувал секојдневни вежби за зацврстување, за конечно пред десетина дена да се исправи на нозе и да почне да лета.
- "Ова е редок вид птица, која постојано го надлетуваше нашиот крај, и без неа Мариово не беше Мариово. Сега, кога ни се врати здрава и жива, повторно сме безбедни оти ја имаме неа над нас", велат во Мариово за Вест.