Силна поддршка за членството на Македонија во ЕУ од форумот во Седона

 

Силна поддршка за македонските евро-атлански интерации од Форумот Седона, неколкудневната конференција на политички и бизнис лидери од САД и од светот.

- Се отвори прашањето за нашето членство во НАТО, за сето она што ние сме го направиле и нашиот придонес кон НАТО, и зошто се уште чекаме да станеме членка. Се разви таа дебата, и имавме од соговорниците нивни ставови и констатации, дури и лични сведоштва од луѓе кои учествувале на самитот во Букурешт кога не станавме членка на НАТО. Така да овие форуми се извонредна можност преку размена на мислења и искуство со врвни луѓе од светската политика, од Сенатот на Америка, претседатели на други држави, да се согледа состојбата од поинаков аспект. Не она што е присутно дневно во медиумите, што го знаеме како состојба, туку да се влезе подлабоко во суштината на одредени проблеми кои ја менуваат светската политика. Го искористив моментот да ги кажам нашите ставови и позициите на Македонија по сите тие прашања, изјави претседателот Иванов кој беше дел од Форумот во Аризона.

- Како прво, сакам да кажам дека имавме многу успешна посета на претседателот на Македонија во Канада, и ни беше навистина драго за таа посета. Постои силен и траен однос меѓу нашите држави. И навистина сме благодарни за придонесот кој Македонија го дава за мисиите на НАТО, за мисијата во Авганистан каде сте спектакуларни. Лично сум ги видел македонските војници во Авганистан, тие се професионалци, дисциплинирани, и работата си ја вршат со големо ниво на самодоверба. И тоа го забележуваат и други држави, низ НАТО сојузот и имаат доверба во македонските војници. Се надеваме дека ќе видиме како продолжува патот напред за аспирациите на Македонија. За ова да биде потребно натамошно разгледување, а Канада е поддржувач на македонските аспирации. Канада е гласен поддржувач на проширувањето на НАТО, и, според моите проценки, Македонија е на многу високо, истакнато место во иднината на НАТО, поради вашиот силен придонес и посветеноста на мирот и сигурноста, изјави министерот Мекеј.

- НАТО е особено важна институција за сите мултиетничките општества, за да ги промовира вредносите зад кои стои како што се владеењето на правото, демократијата и слободата. Ние бараме почитување на пресудата на Меѓународниот суд на правдата и се надеваме дека во иднина ќе има решение за Македонија, изјави Иванов.

најчитано сега