Битола: Се возбудил додека го пасел добитокот па се самозадоволувал пред минувачи
59 годишниот битолчанец Р.Л. си заработил кривична пријава, откако на 30-ти јуни годинава се самозадоволувал пред минувачите на регионалниот пат Демир Хисар, кај месноста „Бели Мост“.
Според информациите од полицијата, битолчанецот се самозадоволувал додека го напасувал својот добиток. Тој си заработи кривична пријава за сторено кривично дело „задоволување полови страсти пред друг“.