Внимавајте: Поради горештините секој ден во Скопје колабираат по тројца
На овие навистина високи температури има три категории на граѓани кои се најзагрозени – малите деца, хронично болните и оние кои поради работата подолго време се изложени на сонце. За едно деноноќие има 3 до 4 колапси што не е некој зголемен броји се надеваме дека така и ќе остане, вели др. Оливер Алексовски од скопската Брза помош за Здравство24. Во нивната служба освен за интервенции граѓаните звонат и за совет како да се справат со топлото време. Им се укажува дека не треба без потреба да излегуваат во периодот од 10 до 17 часот, да пијат повеќе течности а аако забележат некоја невообичаена промена во здравствената состојба да се обратат кај матичниот лекар
08.08.2013 - 23:14