ВИДЕО: Што ви се случува под кожата кога ќе ве касне комарец
Научниците од Институтот Пастер од Париз снимија неверојатно видео од под кожата кога каснува комарец.
Снимката е направена под микроскоп и на неа се открива како дејствува маларичниот комарец, а жртва е глувче.
Снимката покажува дека комарецот не само што цица крв, туку прво неколку пати ја пробива кожата и под неа бара крвен сад од кој потоа неколку минути ја влече крвта.
Многу луѓе посебно оние во Африка и Азија по неколку пати во денот се каснати од комарец. Сакавме да дознаеме дали комарците ќе се однесуваат поинаку кога ќе касант животно што ние сме го вакцинирале против нивната плунка – објаснува Валери Шуме, која го водеше истражувањето.
За да го истражат тоа тие направиле тестирање со глувче кое претходно било вакцинирано со антитела кои ја препознаваат плунката на комарецот.
Истражувачите откриле дека антителата реагираат на плунката по убодот на комарецот, но тој и натаму ги пробива крвните садови и цица крв.
Инаку крвожедните комарци цицаат крв просечно по 4 минути и тој процес е толку интензивен што под микроскоп се гледа дека крвните садови пропаѓаат, односно се кршат и крвта тече на сите страни под кожата.
При тоа и комарците се флексибилни па ја пијат крвта од “локвата” што сами ја создаваат.
Снимката покажува дека боцкањето од комарец е сложено, а не како со обична игла и дека тоа го прават со сложен устен апарат.