Полицијата тврди: Исчезнатата Французинка не е во Кичево

 

Од кичевската полиција потврдиле дека 39 годишната Французинка Валери е пријавена за исчезната, пишува Канал 5. Според телевизијата, Валери со својот сопруг кичевчанец, кој привремено работел во Франција, била во Кичево на одмор.

Се претпоставува дека Валери го напуштила домот по семејна расправија. Од кичевската полиција велат дека таа повеќе не е во Кичево и дека најверојатно веќе ја напуштила земјава

Сопругот на Валери го пријавил случајот во полиција и низ Кичево поставил повеќе слики од својата сопруга, со текст дека таа е исчезната и се трага по неа. Тој напишал и дека Валери е висока 168 сантиметри и дека кога го напуштила домот носела розеви „Адидас“ патики. Тој бара од граѓаните да пријават доколку ја видат неговата сопруга.

ФОТО: Курир

07.08.2013 - 11:31

најчитано сега