Работник од скопско се бори за живот

Околу 11 часот во полиција од Ургентен центар Скопје било пријавено дека кај нив бил донесен маж кој паднал од висина. Како што информираат од МВР, се работи за 34-годишниот Б.И. од селото Глумово, скопско, кој извршувал градежни работи на улицата „Иван Хаџиниколов“ во населбата Драчево.

Тој паднал од висина, се здобил со тешки телесни повреди и сега се бори за живот на скопските Клиники.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
22.11.2016 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега