Битола: Пиеле цела вечер па го нашле мртов на кревет

Во 10 часот синоќа во полицијата во Битола, од Итната медицинска помош било пријавено дека на улицата „Свети Наум“, во станот на 48-годишниот Н.Г. починал 45-годишниот З.М. од Австралија.

Според податоците од полицијата, околу 16  часот, починатиот заедно со 64-годишниот Ж.Г. од Битола пристигнал во станот на Н.Г. каде бил и 58-годишниот М.Х. и сите заедно седеле и пиеле.  Ж.Г. си заминал, а по него заминал и сега починатиот. По околу час и половина, мажот кој починал се вратил во станот, каде продолжиле да пијат се до околу 02 часот по полноќ.

Околу 02 часот и 30 минути З.М. повторно го напуштил станот и се вратил околу 04 часот и легнал да спие. Во 07 часот, Н.Г. заедно со М.Х. се обиделе да го разбудат  но не успеале. Истите повикале итна медицинска помош, која констатирала смрт.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
22.11.2016 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега