Хулигани кршеле се пред себе на наплатната рампа во Тетово

Во 20 часот и 30 минути на автопатот Гостивар-Тетово, на наплатната рампа за патарина на влез во Тетово, при обид за наплата од автобус со скопски регистарски ознаки, од автобусот излегле околу 10 непознати лица и истите физички го нападнале вработениот. Се работи за 53-годишниот Р.И. од Тетово кој потоа бил згрижен во Клиниката во Тетово.

Како што информираат од МВР, насилниците кои дивееле не застанае тука, туку ја откорнале металната шипка и со истата ја искршиле кабината по што заминале.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 
 
21.11.2016 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега