Драма во скопска кафеана: Со камен ќе му ја смачкал главата

На полноќ се одвивала вистинска драма во угостителски објект во Скопје. Како што информираат од македонската полиција, 62-годишниот А.П. од Скопје и З.П. започнале расправија, а набргу потоа, станале и излегле од угостителскиот објект и надвор продолжиле да се расправаат, се додека З.П. не се разгневил и не му удрил тупаница на скопјанецот во пределот на носот. Откако А.П. паднал на земја, насилникот зел камен и неколку пати со каменот го удрил во пределот на главата, по што ибегал.

Повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

 Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
21.11.2016 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега