Тетовчанец застрелан во глава додека возел - во автомобилот било и неговото бебе

З.П.(28) од Тетово денеска околу 15 часот бил повреден од заталкан куршум додека го управувал неговиот автомобил Ситроен Ц4, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Инцидентот се случил на булеварот „Илинденска“ во Тетово при што З.П. слушнал удар на покривот од автомобилот и почувствувал болка на главата односно рана од која крварел. По запирањето со возило, тој бил префрлен во тетовската клиничка болница од каде по укажната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

Во Ситроенот покрај сега повредениот била и неговата сопруга С.П.(25) и нивното бебе. Увид на местото на настанот по овластување на јавен обвинител извршила екипа од СВР Тетово при што бил утврден отвор на покривот од автомобилот над возачкото седиште додека на подот од возилото зад возачкото седиште бил пронајден проектил со калибар од 7,62, милиметри.

Според досегашните информации од истрагата, најверојатно станува збор за заталкан куршум. Се преземаат мерки да се утврди кој и од каде пукал, како и се друго за ресветлување на случајот, посочи Јосифоски.

 

 

 
 
20.11.2016 - 22:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега