Се забила во автобус на ЈСП: Познат иднентитетот на младата девојка која вечерва загина во Скопје

Дваесет и четири годишната Деспина П. е девојката која попладнево го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случи во населбата Гоце Делчев околу 16:30 часот.

Сообраќајката се случила кај вториот надвозник во населбата, а како што претходно објавивме во истата учествувале автобус на ЈСП и автомобил „Пежо“ кој го управувала девојката.

Деспина била пренесена во Ургентниот центар каде им подлегнала на тешките повреди.

На местото на несреќата извршен е увид кој треба да ги утврди причините за сообраќајката.

 

 

 
 
16.11.2016 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега