Девојка загина во страшна сообраќајка вечерва во Скопје - се судрила со автобус на ЈСП

Девојка на возраст од околу 25 години попладнево го загуби животот во сообраќајка несреќа која околу 16:30 часот се случила во населбата Гоце Делчев, скопско, јави Курир.

Според информациите на порталот во несреќата учествувале автобус на ЈСП и автомобил „Пежо“ кој го управувал сега починатата девојка.

По тешката сообраќајка девојката била пренесена во Ургентниот центар каде им подлегнала на повредите.

 

Од полицијата потвдруваат дека случена е сообраќајна несреќа, но повеќе детали ќе бидат познати подоцна.

 
 
16.11.2016 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега