Трагедија во Македонија: Излегла да прошета - ја вратиле дома мртва

Паднала во вода и се удавила. Ваков хорор синоќа го потресе Ростуше, околу 21 часот, кога  50-годишната Н.Р. заедно со својата мајка излегла до дома, а завршила во вода од која не успеала да се спаси.

Според податоците од полицијата, 47-годишниот Р.Ш. од селото Скудриње, гостиварско, околу полноќ пријавил дека истиот ден во 21 часот неговата сестра починала во несреќен случај, откако со нговата 70-годишна мајка излегле од дома и се упатиле на местото „Сисвети“. При обид да ја поминат реката Н.Р  паднала во водата, а нејзината мајка се обидела да ја извлече, но не успеала, па побарала помош од најблиската куќа, при што 40-годишиот М.М. со уште две лица ја пронашол Н.Р. која не давала знаци за живот.

Истата ја ставиле во ќебе и со возило ја однеле во нивната куќа, каде од страна на матичниот лекар била констатирана смрт без видливи знаци за насилство.

По извршениот преглед од страна на вешто лице од судска медицина констатирано било дека причината за смртта е давење во вода и смрзнување. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Пплицијата во Гостивар.

Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатата е предадено на семејството за погреб.

 
 
14.11.2016 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега