Повредени пешаци - викендов летаа казни во Скопје

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 29 сообраќајни незгоди, од кои во пет со тешка телесна повреда се здобиле пет лица, во осум полесно се повредени 11 лица, а 16 поминале само со материјална штета.

Сообраќајната полиција во петокот изврши увид на 12 сообраќајни незгоди. Во една од нив со тешки телесни повреди се здобил еден пешак, во три со полесни повреди се здобиле шест лица, а во осум е причинета материјална штета.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, во саботата извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, во три незгоди со тешки телесни повреди се здобиле еден сопатник, еден велосипедист и еден патник во автобус, а во четири со полесни повреди се здобиле четири лица. Четири незгоди се со материјална штета. 

Вчера е извршен увид на шест сообраќајни незгоди, од кои во една со тешки телесни повреди се здобил еден велосипедист, во една со полесни повреди се здобило едно лице, а четири се со последица материјална штета.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се 14 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, 12 возачи поминале на црвено светло на семафор, 22 возачи кои за време на управување на моторното возило не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, 42 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и 10 возачи почетници кои сториле прекршоци по разни основи.

Затекнати се и 135 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот на овие три дена отстранети се 138 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Коле Неделковски“ со учениците од второ одделение кое се наоѓа на подрачјето на општина Центар. 

 
 
14.11.2016 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега