Страшна несреќа во Македонија: Еден се бори за живот, двајца повредени

Страшна сообраќајка во Македонија, еден се бори за живот, двајца повредени. Во 19 часот и 35 минути на магистралниот пат А4 Струмица – Ново Село делница од селото Босилово до селото Турново, се случила сообраќајна незгода помеѓу Трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, управуван од 16 годишно лице од Сарај и возило „Форд Фиеста“ со скопски регистарски ознаки управувано од 50-годишниот С.Т.  од Струмица.

Во незгодата со тешки телесни повреди  и тоа крварење во мозокот, скршеница на челна коска, фрактура на горна вилица, се здобил сопатникот во возилото, 78-годишниот Ј.М. од Ново Село, на кој му била укажана лекарска помош во Медицински Центар-Струмица, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен на лекување на клиниката за Неврохирургија во Скопје.

Со телесни повреди се здобиле двата возачи, кои по укажаната лекарска помош во Струмица се пуштени на домашно лекување. 

Сообраќајот бил во прекин.

 

 
 
05.11.2016 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа