Излетал и се забил во дрво - со потрес на мозокот донесен во Скопје

Во текот на вчерашниот ден, во 19 часот и 05 минути, се случила страшна сообраќајна несреќа на регионалниот пат Плачковица - Штип, на 1.2 километри по крстосницата за селото Радање со Карбинци.

Како што информираат од македонската полиција, возило “Фиат Пунто“ управувано од 31-годишниот И.П. од селото Крупиште, излетало надвор од колвозот и удрило во дрво, при што возачот се здобил со повреди и бил пренесен во Клиниката во Штип.

Од страна на лекар било констатирано дека има контузија на глава со отворена рана, потрес на мозок и болки во вратот, посекотини во пределот на глава и нагмечување на глава, по што поради карактерот на повредите бил препратен во Ургентниот во Скопје.

Увид на лице место е извршила увидна екипа од полциијата.

 
 
05.11.2016 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа