Хорор за скопјанка: Се обиделе да ја силуваат среде бел ден

Обид за силување во скопско, во текот на вчерашниот ден било пријавено во полиција од страна на 53 годишна жителка на селото Сарај, дека истиот ден околу 12 часот и 30 минути, во селото Доброште, поточно пред џамијата, маж се обидел да ја силува.

Според подаоците од полциијата, жената собирала пари од верниците, по што  пеш се упатила према центарот на селото за да оди во Тетово. Истата влегла во возило управувано од засега непознато лице, и на регионалниот пат Тетово-Јажинце возачот го запрел возилото, ја отворил задната врата и се обидел да изврши полов напад над неа.

Во тој момент жената со нога го удрила напаѓачот во пределот на градите и побегнала, по што застанала возило во кое имало две лица и ги замолила да ја донесат во полициска станица каде и го пријавила случајот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 
 
05.11.2016 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа