ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски стои зад протестите пред Бристол

 

Во случајот со петте дрвја кај хотелот “Бристол” јасно се препознава концептот на делување на Бранко Црвенковски, кој со насилство и манипулации се обиде насилно да влезе во Парламентот на 24 декември.

Јасно е кој е шеф во СДСМ по изборот на новото раководство и јасно што ќе се случува понатаму и во случајот со овие пет дрвја.

Граѓаните треба да знаат дека оние луѓе кои се собраа кај Бристол се 90% членови и активисти на Бранко Црвенковски и негови послушници.

Токму затоа ним не им е важно дека оваа власт која во целиот свој мандат, заради проширување на булевари и градење на државни објекти, можеби исече 50 дрвја или помалку, но само во Скопје засади 50 илјади дрвја, а во Македонија 38 милиони дрвја, а во ноември планира садење на нови 5-6 милиони дрвја.

Се разбирана СДСМ не му е важно ни тоа што за кирии на СРД со договор склучен од директор кои тие го назначиле, државата за 10 години плаќа многу повеќе отколку да се изгради државен објект за истите потреби.

Жерновски е најнеспособниот градоначалник во Република Македонија во првите 100 дена. Човекот се претстави пред јавноста со проекти кои ги нарекува реализирани, а за нив тендерот е објавен пред 1 недела, како што е случајот со училиштето во Капиштец на пример.

Ниту има завршен тендер, ниту избрана фирма која ќе го гради, ниту договор со такви фирма. Но нему не му пречи овој проект да го вброи во реализирани. Имајќи предвид дека тој освен јавни изјави друго незнае да работи, разбирливо е што сечењето на петте дрвја го начека како проект на годината и со задоволство се приклучи на активистите на СДСМ и соросовите невладини организации. А што друго би работел овој човек?

Ние нема да дозволиме неработници, манипуланти и безидејни политичари да го запрат развојот на Скопје. Ако членството на СДСМ одбере да биде штитот на Бранко Црвенсковски и алиби за неработењето на Андреј Жерновски, тоа е нивни избор. Наш избор е да создаваме дела.

На крајот едно прашање до активистите на СДСМ. Дали знаат дека токму оваа Влада заедно со градоначалникот на Град Скопје и градоначалникот на општина Аеродром го подготвуваат проектот за најубавиот парк во југоисточна Европа и дали знаат кога СДСМ направил или замислил барем половина поголемина од овој 25 хектарски парк?

 

Дали за ова ќе смислат причина за протести и дали и овој парк ќе го вбројат во проектот Скопје 2014?

(Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ)

05.08.2013 - 22:37

најчитано сега