Кршеле се во салата за реанимација: Еве што се случувало во Воена болница

По хаосот кој настана вчера во Ургентниот Центар на Воената болница, денеска ГОБ Осми септември нормално функционира.

На 45-годишниот И.И. му се слошило дома, по што бил донесен од болницата во Чаир во Воената болница. Таму во собата за реанимација биле направени неколку неуспешни обиди за враќање во живот, по што лекарите ги изветиле членовите на поблиското семејство кои чекале во ходникот дека нивниот роднина починал. Како што пренесува Телеграф, десетина лица влегле во болницата по веста за смтта и почнале насилно да демолираат се. 

Тие насилно упаднале во собата за реанимација каде што лежел покојниот, кршеле, урлале и направиле штета на дел од медицинскиот материјал, па го земале телото, го ставиле во инвалидска количка, го изнеле набрзина надвор од болницата, каде што ги чекале останата група на пријатели и роднини. 

Братот на починатиот се вратил ја потпишал потребната документација и се извинил поради непријатната ситуација и нанесената штета врз болницата, пренесе Телеграф.

 

 
 
05.11.2016 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега