Кривични за врховниот судија и неговиот син - ниту трага ниту глас од 6 годишната Александра
Кривични пријави за дедото и таткото на Александра Бошњаковска но сеуште ниту траг од 6 годишното девојче.
Како што објави Сител СВР Скопје поднесе пријави за одземање на детето но не успеа да ги натера поранешниот врховен судија и неговиот син да ја откријат локацијата на која вешто го кријат девојчето.
Повеќе од 1 месец трае потрагата на полицијата по малата Александра. Мајката во очај веќе кампува пред институциите. Денеска добила ветување од скопскиот Јавен обвинител дека на голготата ќе и дојде крајот.
Поранешниот Врховен Судија Александар Бошњаковски минатата недела пред камерата на Сител призна дека неговата 6 годишна внука е кај него и дека нема намера да ја почитува одлуката на судот со која мајката е старател на девојчето.
Пред полицијата пак и судијата Бошњаковски и неговиот син одбиваат да откријат каде е детето. Што се ќе биде превземено за пронаоѓање на исчезнатото дете ќе треба да одлучај јавниот обвинител и судот.
И додека институциите трагаат по малата Александра се мобилизираат и граѓаните преку социјалниоте мрежи. Стотици граѓани за помалку од два дена станаа дел од групата која бара враќање на Александра кај нејзината мајка.