Детали за хаосот во Воена болница: Не сакале обдукција па го грабнале починатиот

Вистинска драма се одвиваше синоќа во Градската болница „8 Септември“, каде 20-30 луѓе влегле и го демолирале Ургентниот центар, откако починал пациент.

Според податоците на Фокус, инцидентот вчера се случил бидејќи групата не сакала да биде извршена обдукција на телото на починатиот. Станува збор за 46-годишен пациент Албанец, кој според тврдењата не покажувал знаци на живот уште кога бил донесен во болницата. 

- Пациентот бил донесен со Брза Помош во болницата. Во периодот кога се дигнале рампите да влезе Итната Помош влегле уште 20-30 луѓе со автомобили кои ја искршиле рампата се со цел да го земат починатиот пациент кој не покажувал знаци на живот уште кога бил донесен на реанимација. Колку што имам информации, пациентот претходно бил потполно здрав, немал никакви здравствени проблеми. Наводно бил во кафана и му се слошило – објаснува доктор Сашо Стојчев, директорот на болницата за Фокус.

Групата не акала да биде направена обдукција, додава тој.

– Според нивните обичаи кога некој ќе почине, не смее да се сече и од таму била таа нивна жестока реакција. После тоа, веднаш потпишале дека не дозволуваат обдукција. Од тие причини и го грабнаа телото. Добро е тоа што немаше никаков напад врз лекарите. Случајот е пријавен во МВР – истакна Стојчев.

 

 

 
 
05.11.2016 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега