Фотографија од вчерашниот масакр врз тинејџерот во автобус во Скопје

Вчера вечерта околу 12:30 минути, во автобус број 65Б беше избодено момче на 16 годишна возраст со иницијали К.Б..

Имено, момчето било во автобусот со двајца другари додека биле нападнати од страна на нивни врсници.

Првично според информациите, момчето не возвраќало на провокациите но напаѓачите започнале физички да го малтретираат и да го шутираат.

Кога мочето почнало да се брани, напаѓачите му нанеле 4 убоди во пределот на мускулот под коленото.

Момчето по страшната случка веднаш било пренесено на Ургентен каде му е извршен хирушки зафат и сега се наоѓа на интензивна нега.

Случајот се разгледува од страна на МВР.

ФОТО: Ексклузив.мк

 

 

 
 
05.11.2016 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега