Го удрил инфаркт на маса во кафеана - сите другари дошле и го искршиле Урегнетниот центар во Скопје

Го удрил инфаркт во кафеана, па другарите со кои пиел ги искршиле Ургентниот центар во Градската општина болница 8 септември, јавува порталот Здравство24 повикувајќи се на свои извори
Според неофицијалните информации, сега починатиот на возраст од околу 40 години заедно со поголемо друштво бил во кафеана, каде доживеал срцев удар. Веднаш била повикана Брза Помош, но лекарите не можеле многу да сторат. Иако успеале за многу кратко време да го префрлат во Градската општа болница 8 ми септември, по 50 минутна реанимација констатирале смрт.
Неговите пријатели, четириесетина на број заедно со него, од кафеана дошле во болница. Кога ја слушнале веста дека нивниот пријател починал, почнале да ја демолираат болницата. Направена е поголема материјална штета, а во целиот неред, го земале и телото на починатиот и си заминале.
Подоцна, персоналот од болницата контактирал со семејството на починатиот и успеале да се договорат да ги потпишат документите со кои и формално потврдуваат дека бараат на телото да не се врши обдукција, бидејќи според праксата, доколку семејството не побара поинаку, се право медицинска обдукција врз телото на секој пациент кој ќе почине во болница за да се утврди причината за смртта.
Интервенирала и полицијата. Од таму има само потврда за инцидентот без повеќе детали.

 
 
05.11.2016 - 00:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега